Свет Лекари без граници

Тројца лекари загинаа во напад врз болница во северниот дел на Газа

Тројца лекари, вклучително и двајца од Лекари без граници, беа убиени во напад врз болницата Ал-Авда во северниот дел на Газа, соопшти организацијата.

Тројца лекари загинаа во напад врз болница во северниот дел на Газа

Лекарите без граници редовно им доставуваа на завојуваните страни информации за Ал Авда како функционална болница и присуството на нејзиниот персонал во Ал Авда, се вели во соопштението. „Вчера џи-пи-ес координатите беа споделени и со израелските власти“.

Загинатите лекари се д-р Махмуд Абу Нуџаила и д-р Ахмад ал-Сахар, вработени во организацијата, како и д-р Зиад ал-Татари.

„Да гледате лекари како умираат до болнички кревети е повеќе од трагично и тоа мора веднаш да престане“, се вели во соопштението.

To top