Свет соопшти регионалниот гувернер

Три лица загинаа, а 13 се повредени во рускиот ракетен напад врз Запорожје

Според полицијата, Русија попладнево истрелала пет ракети врз градот.

Три лица загинаа, а 13 се повредени во рускиот ракетен напад врз Запорожје

Најмалку три лица загинаа, а најмалку 13 лица се повредени во руски ракетен напад врз градот Запорожје, пренесоа агенциите, цитирајќи го регионалниот гувернер на областа Запорожје, Иван Федоров.

Тој појасни дека четворица од повредените се во тешка состојба.

Според полицијата, Русија попладнево истрелала пет ракети врз градот.

To top