Свет Белата куќа претходно соопшти дека Вашингтон не сака ескалација на конфликтот

САД предупредува од можен ирански напад врз Израел

САД очекуваат ирански напад врз Израел, но таков што нема да биде доволно голем за да го вовлече Вашингтон во војна, изјави доцна синоќа американски претставник.

САД предупредува од можен ирански напад врз Израел

Белата куќа претходно соопшти дека Вашингтон не сака ескалација на конфликтот на Блискиот исток и дека САД му кажале на Иран дека не биле вклучени во воздушниот напад врз иранскиот воен командант во Дамаск.

Белата куќа соопшти дека го предупредила Иран да не го користи нападот како изговор за натамошна ескалација во регионот.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант вчера изјави дека Израел директно ќе одговори на секој ирански напад.

-Директен ирански напад ќе бара соодветен израелски одговор, му соопшти Галант на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, пренесуваат од неговата канцеларија.

Пентагон соопшти дека двајцата министри разговарале за „цврстата“ посветеност на САД за безбедноста на Израел против заканите од Иран и неговите полномошници.

„Повторувајќи ја недвосмислената порака на претседателот Бајден до израелскиот премиер Нетанјаху, секретарот Остин го увери министерот Галант дека Израел може да смета на целосна американска поддршка во одбраната на Израел од иранските напади, на кои Техеран јавно се закани“, соопшти Пентагон.

To top