Свет доцнеле 5.067 летови, откажани се 2.154

Проблеми во воздушниот сообраќај во САД поради снег и студ

Многу прекини има на аеродромите на средниот запад и западот, но и на некои аеродроми на југ.

Проблеми во воздушниот сообраќај во САД поради снег и студ

Илјадници летови беа одложени или откажани денеска поради студен бран, температури под нулата и снег кои зафатија голем дел од САД.

До 14 часот доцнеле 5.067 летови до или од САД, а откажани се 2.154, соопшти агенцијата за следење на летови Флајт-Авер.

Многу прекини има на аеродромите на средниот запад и западот, но и на некои аеродроми на југ.

Во Колорадо, на меѓународниот аеродром во Денвер 25 отсто од летовите биле одложени, а 17 отсто откажани.

На меѓународниот аеродром во Канзас Сити 27 отсто од летовите биле одложени, а 15 отсто откажани.

Во Тенеси, на меѓународниот аеродром во Нешвил, 23 отсто од летовите биле одложени, а 30 отсто откажани.

Во Тексас, на меѓународниот аеродром Далас-Форт Ворт 34 отсто од летовите биле одложени и 13 отсто откажани, додека 25 отсто од летовите биле одложени и 20 отсто откажани на интерконтиненталниот аеродром Џорџ Буш во Хјустон.

На меѓународниот аеродром во Чикаго О’Хер 29 отсто од летовите биле одложени, а 11 отсто откажани, додека на меѓународниот аеродром Чикаго Мидвеј 17 отсто од летовите биле одложени, а 29 отсто откажани.

Во Њујорк, на меѓународниот аеродром Бафало Нијагара, 13 отсто од летовите биле одложени, а 21 отсто откажани.

На аеродромот ЛаГвардија во Њујорк доцнеле 19 отсто од летовите, а три отсто се откажани.

Во Вашингтон, на националниот аеродром Реган, 38 отсто од летовите биле одложени, додека 10 отсто биле откажани.

На меѓународниот аеродром Вашингтон Далс 29 отсто од летовите биле одложени, а три отсто откажани.

To top