Свет Спасувачките операции продолжуваат

Најмалку 30 загинати во земјотресот во Јапонија

Јапонија вчера ја погодија серија силни земјотреси, од кои најтешкиот достигна магнитуда од 7,6 степени, предизвикувајќи повредени и штети, а властите издадоа предупредувања за цунами кои се укинати денеска.

Најмалку 30 загинати во земјотресот во Јапонија

Најмалку 30 лица загинаа во земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Јапонија вчера, соопштија денеска локалните власти.

Меѓу смртните случаи има седум жртви во општинската болница Ваџима, јави јапонската новинска агенција Кјодо, цитирајќи ги градските власти.

Спасувачките операции продолжуваат.

Во градот Ваџима, во тешко погодената префектура Ишикава, изгореа повеќе од 100 згради во една населба, јави јапонската телевизија НХК. Владата соопшти дека околу 1.000 луѓе се сместени во воздухопловната база во Ваџима и се обезбедени со ќебиња, вода и храна.

Јапонија вчера ја погодија серија силни земјотреси, од кои најтешкиот достигна магнитуда од 7,6 степени, предизвикувајќи повредени и штети, а властите издадоа предупредувања за цунами.

Јапонската метеоролошка агенција денеска ги укина предупредувањата за цунами.

Земјотресот предизвика цунами со висина од околу 1,2 метри во Ваџима, додека бранови помали од еден метар беа забележани на други локации, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Агенцијата предупреди на дополнителни силни земјотреси во текот на неделата, особено во следните два или три дена.

Плиткиот земјотрес се случи во понеделникот во 16:10 часот (07:10 по Гринич), а епицентарот беше во регионот на полуостровот Ното на Јапонското Море. Беше почувствуван од Хокаидо во северна Јапонија до југозападниот главен остров Кјушу.

Јапонија е една од земјите со најмногу земјотреси во светот.

Најнови вести од Свет

To top