Свет „Sandman Signature“

Над 20 лица повредени во експлозија во хотел во САД

Очевидци велат дека татнежот од експлозијата бил толку силен што мислеле дека има земјотрес.

Над 20 лица повредени во експлозија во хотел во САД

Дваесет и едно лице е повредено во експлозија во хотел во САД, пренесоа светските агенции. Се сомнева дека причина е истекување на гас.

Експлозијата се случила во хотелот „Sandman Signature“ во центарот на Форт Ворт во американската сојузна држава Тексас.

Еден од повредените е во критична состојба, четворица се во тешка состојба, останатите се со полесни повреди, информираат локалните лекари.

Очевидци велат дека татнежот од експлозијата бил толку силен што мислеле дека има земјотрес.  (МИА)

To top