Свет извршна директорка

Кристалина Георгиева номинирана за втор мандат на чело на ММФ

ММФ и Светската банка се основани на крајот на Втората светска војна, потсетува агенцијата ДПА.

Кристалина Георгиева номинирана за втор мандат на чело на ММФ

Aктуелната извршна директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, е единствената кандидатка за оваа функција со нов петгодишен мандат, соопшти Управниот одбор.

Бугарската економистка (70) се наоѓа на чело на ММФ од 2019 година и веќе изјави дека е подготвена за уште еден мандат, доколку биде номинирана.

Сегашниот мандат на Георгиева истекува на крајот на годинава.

Водечката позиција во ММФ традиционално им припаѓа на Европејците, а онаа во Светска банка на Американците.

Георгиева е втората жена на чело на ММФ, по нејзината претходничка Кристин Лагард, која во меѓувреме ја презеде функцијата претседател на Европската централна банка (ЕЦБ).

ММФ и Светската банка се основани на крајот на Втората светска војна, потсетува агенцијата ДПА.

To top