Свет оставка претходно поднесе Никола Бир

Јан Кристоф Отјен нов потпретседател на Европскиот парламент

Европските пратеници денеска го избраа Јан Кристоф Отјен од Германија за потпретседател на Европскиот парламент, по оставката на Никола Бир.

Јан Кристоф Отјен нов потпретседател на Европскиот парламент

Отјен, инаку член на германската Партија на слободни демократи и член на политичката група Да ја обновиме Европа во Европскиот парламент, беше единствениот кандидат и беше избран со акламација, соопшти Европскиот парламент.

Бир претходно поднесе оставка како потпретседателка на Европскиот парламент со цел да ја преземе функцијата потпретседателка на Европската инвестициска банка во Луксембург.

To top