Македонија кандидатката за пратеник децидна

Пешевска: Првиот круг на претседателски избори се јасен показател дека на СДСМ на 8-ми мај ќе му се случи потоп

Пешевска додаде дека СДСМ во првиот круг од претседателски избори изгубија и во места каде што претежно добивале на изминатите избори.

Пешевска: Првиот круг на претседателски избори се јасен показател дека на СДСМ на 8-ми мај ќе му се случи потоп

„На овие избори всушност македонските граѓаните се обединија против сето зло што се случуваше во изминативе осум години. Самите резултати всушност покажуваат дека кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски победи само во 2 мали општини, во Крушево и Маврово Ростуше. Додека Гордана Силјановска Давкова, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ победи во 60 општини, од кои што 60 општини во 17 општини се градоначалници на актуелната власт“, истакна Жаклина Пешевска, кандидат за пратеник во изборна единица 2 од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

„Секаде каде што имаат носители на пратеничките листи, всушност имаат губеше во првиот круг од претседателски избори. Вклучително господинот Битиќи во своето избирачко место каде што има изгубено 82 спрема 64 за Гордана Силјановска Давкова“, нагласи таа.

Пешевска додаде дека СДСМ во првиот круг од претседателски избори изгубија и во места каде што претежно добивале на изминатите избори. СДСМ изгубија во Куманово, во Струмица, дури и во Муртино од каде што потекнува нивниот претходен премиер. Тоа е јасен показател дека на осми мај ќе се случи потоп на СДСМ.

„Се трудиме оваа кампања да биде максимално позитивна и мотивирачка, и тоа граѓаните го препознаваат, и многумина велат дека им се допаѓа кампањата на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните се презаситени од негативни кампањи“, заклучи Пешевска.

„Државата на граѓаните ќе им се врати преку владеење на правото, да се скроти криминалот и корупцијата, да се работи на БДП, да се отвораат работни места, да се подобри здравство и образованието, итн.“, порача таа.

Таа посочи дека актуелната власт не спроведе „Р“ од реформи. Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе работи во интерес на граѓаните и Македонија.

To top