Свет прага

Чешката полиција со нови детали: Напаѓачот од Прага поврзан со две убиства минатата недела

Чешкиот министер за внатрешни работи и претставниците на полицијата, се обратија на медиумите по повод денешното масовно убиство на Карловиот Универзитет во Прага. Напаѓачот влегол во Универзитетот и убил 14 лица, а подоцна бил ликидиран.

Полицијата соопшти дека ги истражува деталите, и истражува дали денешниот напаѓач е одговорен за смртта и на две лица минатата седмица во шума во Клановицки во близина на Прага.

Се верува дека напаѓачот, кој немал криминално досие, по случаен избор ги бирал жртвите.

To top