Свет Бела куќа

Бајден ја задржува целосната доверба во Остин, иако шефот на Пентагон не објави дека е хоспитализиран

Остин, кој е втор човек по претседателот Бајден по команда на американските вооружени сили, неколку дена никого не информирал за неговата хоспитализација на првиот ден од новата година.

Бајден ја задржува целосната доверба во Остин, иако шефот на Пентагон не објави дека е хоспитализиран

Американскиот претседател Џо Бајден продолжува да има „целосна доверба“ во министерот за одбрана Лојд Остин, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер во врска со прашањата на пратениците за тоа што шефот на Пентагон неколку дена не пријавил дека е хоспитализиран.

Остин, кој е втор човек по претседателот Бајден по команда на американските вооружени сили, неколку дена никого не информирал за неговата хоспитализација на првиот ден од новата година.

„Претседателот има целосна доверба и продолжува да има доверба во Остин“, изјави Жан-Пјер додека Бајден беше во посета на Јужна Каролина.

Портпаролката рече дека претседателот во саботата разговарал со шефот на Пентагон и оценил дека Остин ја презел „целата одговорност“ за тоа што не ја известил Белата куќа за неговата хоспитализација.  (МИА)

To top