Свет Хантер изјави дека е невин

Судoт го одби барањето на синот на Бајден: Како лажеше за наркотични средства?

Синот на Бајден е обвинет затоа што во октомври 2018 година  дал лажна информација кога одговарал на прашањата за употреба на наркотички средства при пополнување на формуларот за купување оружје, што тој го поседувал 11 денови.

Судoт го одби барањето на синот на Бајден: Како лажеше за наркотични средства?

Федерален суд за јуни го закажа процесот против Хантер Бајден за давање лажна информација при купување оружје и соопшти дека се одбива барањето на адвокатите на синот на претседателот на САД за одложување на процесот.

Мерилен Норејка, окружен судија, во соопштение денеска го одби барањето на Хантер Бајден судењето да се одложи за септември. Одбраната изјави дека е потребно време да се најдат сведоците и да се изучат доказите изнесени во обвинението.

Синот на Бајден е обвинет затоа што во октомври 2018 година  дал лажна информација кога одговарал на прашањата за употреба на наркотички средства при пополнување на формуларот за купување оружје, што тој го поседувал 11 денови.

Хантер Бајден изјави дека е невин и призна дека во тој период во 2018 година се борел со зависност од крек-кокаин. Неговите адвокати изјавија дека тој не го нарушил законот. (МИА)

To top