Свет САД

Соработничка на Бајден со еврејско потекло поднесе оставка поради политиката на САД кон конфликтот во Појасот Газа

Таа го обвини американскиот претседател Џо Бајден дека ги користи Евреите за да ја оправда американската политика во конфликтот, пишува „Гардијан“.

Соработничка на Бајден со еврејско потекло поднесе оставка поради политиката на САД кон конфликтот во Појасот Газа

Специјалната помошничка на шефот на кабинетот на  американскиот претседател во одделението за внатрешни работи, Лили Гринберг Кол, поднесе оставка поради американската политика кон конфликтот во Појасот Газа.

Гринберг Кол е првиот еврејски член на администрацијата во Вашингтон кој поднесе оставка во знак на протест поради ставот на Америка за актуелниот израелско-палестински конфликт.

Таа го обвини американскиот претседател Џо Бајден дека ги користи Евреите за да ја оправда американската политика во конфликтот, пишува „Гардијан“. (МИА)

To top