Скопје капитални проекти од огромно значење

Стојкоски: Реализираме нови проекти во Ѓорче Петров

На денешната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров, донесовме одлука за изградба на неколку важни објекти и реализација на капитални проекти, кои што ќе бидат од огромно значење на сите наши сожители од Ѓорче Петров, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Петровски.

Стојкоски: Реализираме нови проекти во Ѓорче Петров

Градиме нова детска градинка во Стопански Двор

Во текот на изминатите години, граѓаните на Ѓорче Петров се соочуваа со навистина реален проблем во однос на запишувањето на дечињата во детските градинки низ нашата општина. Со отварањето на новата детска градинка ,,Сонце” надминавме дел од проблемите и згриживме голем број на дечиња, но потребни се и нови капацитети. За таа цел, отпочнуваме со изградба на новата детска градинка во Стопански Двор, којашто ќе има капацитет да прими околу 120 дечиња и ќе ги има сите услови кои што се потребни за пријатен престој на најмладите наши жители во градинката. Наша интенција останува изградбата на нови детски градинки насекаде во нашата населба каде што ќе имаме можност тоа да го реализираме, се со цел овој проблем да биде надминат во целост.

Сумата којашто е одвоена за реализација на овој проект изнесува 60 милиони денари.

Ќе изградиме и реконструираме четири спортски игралишта и тоа:

– Нова подлога на мултифункционалното игралиште нас. Даме Груев (поранешна последна 22-ка)

– Ново спортско катче на ул. Македонска Војска

– Нов терен за мал фудбал во ООУ ,,Димитар Поп Георгиев – Беровски”

– Нова подлога на фудбалското игралиште во ООУ ,,Мирче Ацев”

Вредноста на изградбата и реконструкцијата на сите четири игралишта ќе изнесува 9 милиони денари.

Доградба на две нови училни во ООУ ,,Мирче Ацев”

Во изминатиот период активно работевме на подобрување на условите и зголемување на капацитетите во повеќе училишта во нашата општина, се со цел учениците и наставниот кадар да ги имаат сите потребни услови кои што се важни при одржувањето на наставата. За таа цел, работевме на доградба на нови две училни во ООУ ,,Mирче Ацев”, кои што се направени по сите стандарди и ги задоволуваат сите услови кои што се потребни за непречена настава и поголем комфор на учениците и наставниците.

За реализација на овој проект беа одвоени 6 милиони денари.

Прв сензорен центар во градинката ,,Росица”

За прв пат во нашата општина ќе се направи еден сензорен центар кој ќе биде лоциран во објектот ,,Пампурче”, a истиот ќе го сочинуваат три училни и сите потребни сензорни алатки кои ќе помогнат при образовните потешкотии на дечињата кои што се соочуваат со тој проблем.

Сензорниот центар ќе биде од голема помош како за дечињата, така и за вработените, бидејќи ќе можат преку најразлични модели на едукација да пристапат до најмладите и да им помогнат во совладувањето на одредена материја којашто е потребна да се спознае во најмладите години. Инклузијата е важен сегмент од општеството и ние ќе се трудиме и во иднина да ја практикуваме и вклучуваме секаде каде што ќе се укаже можност за тоа.

Сумата којашто е издвоена за реализација на овој проект изнесува 1.700.000 денари.

Општина Ѓорче Петров мора рамномерно да се развива и да се подобруваат условите за живот на сите категории на граѓани. Наш императив како општинска администрација останува реализацијата на бројни капитални и важни проекти за нашите сограѓани, бидејќи само со чесна и напорна работа можеме да придонесеме за подобар живот во нашата општина.

Продолжуваме со уште посилно темпо.

Со срце за Ѓорче!, пишува Стојкоски во својата објава.

Теми на денот

To top