Скопје во Кисела Вода нема да има непроодни улици

​Службите на Општина Кисела Вода интензивно работат на расчистување на теренот

Уште од раните утрински часови екипите на Општина Кисела Вода се на терен и работат на целосно расчистување на улиците од снежните наноси. Најголема потреба за интервенција имаше во Припор и Пржино, каде со неколку специјализирани машини се расчистуваа улиците и се фрлаше сол, со цел жителите непречено да ги извршуваат своите потреби. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека граѓаните можат да сметаат на брза интервенција доколку има потреба, за што во служба се ставени сите материјални и човечки ресурси од општината.

​Службите на Општина Кисела Вода интензивно работат на расчистување на теренот

-За сите неопходни потреби доколку заврне повеќе снег во вечерните часови како што се прогнозира, на располагање на граѓаните се ставени сите службени возила. Исто така, службите на општината се достапни 24 часа. Контакт може да се оствари на телефонскиот број 078/207-687 (Далибор), на [email protected] или на фејсбук страницата на општина Кисела Вода. Граѓаните да бидат спокојни, во Кисела Вода нема да има непроодни улици-навде градоначалникот Ѓорѓиевски.

To top