Скопје ќе никне кај Воена Болница

Потпишана дозволата за изградба на спорната 17 катница во Карпош

Потврда на ваквата градба беше поставувањето на таблата од страна на инвеститорот „ЗСФ Ком“ каде стои дека дозволата за градба е издадена на 18 јануари, а правосилност добива од вчера.

Потпишана дозволата за изградба на спорната 17 катница во Карпош

Потпишана е градежната дозвола за изградба на спорната 17.катница што треба да се гради среде Карпош во близина на Воена Болница, веднаш до бензинската пумпа на Макпетрол.

Потврда на ваквата градба беше поставувањето на таблата од страна на инвеститорот „ЗСФ Ком“ каде стои дека дозволата за градба е издадена на 18 јануари, а правосилност добива од вчера.

Инаку, од информациите кои излегоа во јавноста зградата за која се предвидува дека треба да вдоми 2000 жители се наоѓа во заштитено подрачје на зградата-споменик Воена болница, сегашната ГОБ „8 Септември“, која има статус на споменик на архитектонско наследство од времето на брутализмот и е заштитен објект како културно наследство.

Според Законот за заштита на културно наследство, за да може да се гради каков било објект и да се добие градежна дозвола од Општина Карпош, урбанистичкиот проект треба да го одобри Конзерваторскиот центар.

Експерти запознаени со ова проблематика велат дека во близина на болницата не треба да има високи објекти зошто нема да има простор за пристап на хеликоптери до болничкиот комплекс.

To top