Скопје спортски терен според високи стандарди

Изградба на мултифункционално игралиште во Општина Илинден

Општина Илинден започна со изградба на мултифункционално игралиште во делот кај спортската сала „Гоце Делчев“ во населба Илинден.

Изградба на мултифункционално игралиште во Општина Илинден

– Новото мултифункционално игралиште кое прв пат се гради од ваков тип во Општина Илинден, ќе се простира на површина од околу 1000 метри квадратни и ќе биде наменето за мал фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, ќе се постави заштитна ограда, ќе биде поставено лед осветлување, ќе бидат поставени клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден, со што ќе се добие комплетно нов лик на овој спортски простор во Илинден, соопштија денеска од Општината.

Со изградбата на мултифункционалното игралиште, се вели во соопштението, младите од Општина Илинден ќе добијат спортски терен граден според високи стандарди, каде ќе можат во спортски дух да се поминуваат слободното време.

Во наредниот период, најавуваат дека Општина Илинден ќе продолжи со изградба на нови и реконструкција на постоечките спортски терени и во останатите населени места, со цел да се добие уреден простор, но и безбеден за рекреација и забава на жителите во Општината.

To top