Скопје Денот на шегата

Шаренило од маски на Априлијада 2024 во Општина Илинден

Први април е радосен ден за најмладите кои смислуваат разни шеги и лаги, но најмногу им се радуваат на маските, истакнаа од општината.

Шаренило од маски на Априлијада 2024 во Општина Илинден

Шаренило од маски го исполни комплексот на Домот на култура „Илинден“ во Општина Илинден, по повод Денот на шегата 1ви април. Супер херои, самовили, пчелки, војници, пеперутки, принцези, со разни костуми учениците од Илинден ја изразија својата бујна фантазија на дефиле под маски.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски ги разгледа маските кои дефилираа во амфитеатарот, и истакна дека сите се убави, а во Илинден владееше весела и позитивна атмосфера по повод Денот на шегата, со детска смеа, песнички, секако и многу интересни маски.

Општина Илинден

1ви април е радосен ден за најмладите кои смислуваат разни шеги и лаги, но најмногу им се радуваат на маските. Маскенбалот не само за децата, туку е предизвик и за наставниците кои приготвуваат приредби со своите ученици.

Општина Илинден

Денот на шегата е интернационален празник се слави секаде низ светот и е популатен не само кај децата туку и кај возрасните.

To top