Скопје Работа на терен

Ѓорѓиевски: Последната населба во Кисела Вода без подземна инфраструктура добива фекална канализација и водовод

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој денес присуствуваше на почетокот на градежните активности за изградба на фекална мрежа, го информираше населението за планираниот тек на зафатот.

Ѓорѓиевски: Последната населба во Кисела Вода без подземна инфраструктура добива фекална канализација и водовод

Започна реализацијата на капиталниот проект за изградба на подземна инфраструктура во населбата Стаклара (Каменик). Ова е последното населено место во општина Кисела Вода каде во 21-от век се уште се користат септички јами.

И покрај тоа што тука живеат околу 500 семејства и се лоцирани преку 60 бизнис ентитети, овој проект поради сложеноста на зафатот и превисоката цена за негова реализација не бил воопшто планиран од страна на ниту едно претходно раководство на Општината.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој денес присуствуваше на почетокот на градежните активности за изградба на фекална мрежа, го информираше населението за планираниот тек на зафатот.

Тој опфаќа најпрво изградба на фекална канализација во должина од 4.5км, потоа и водоводна мрежа или подземна мрежа во вкупна должина од околу 9.2км, по што ќе се изврши и асфалтирање на целиот потег.

Општина Кисела Вода

„Денешниот настан е значаен од два аспекта. Првиот е што со овој градежен зафат го затвораме поглавјето во општина Кисела Вода одбележано со недостиг од фекална канализација во 21 век. Во општина Кисела Вода повеќе ќе нема цели населби со септички јами, за што сите ќе се согласиме дека е голем срам што тоа не било приоритет на било кое претходно раководство.

Вториот аспект е што жителите на Стаклара како и огромен број на бизнис ентитети чија дејност се одвива токму тука ќе добијат нешто кое го бараа 50 години и секогаш добиваа одговор дека е невозможно. Се работи за 500 семејства и преку 60 економски оператори, ­што значи дека овој капитален проект ќе има долгорочен позитивен ефект врз економскиот развој на општината. Трасата е долга 4.5 км. 3.5 км од нив се во Каменик1 и Каменик 2 и уште 1 км од првиот влез во Пинтија до Усјанскиот Канал. Денес започнуваме со изградба на фекалната мрежа, а на пролет и со водоводната. Поголемиот дел од средствата се веќе обезбедени. Исто така, сакам да назначам дека по изградбата на фекалната и водоводната мрежа во Стаклара, целата траса ќе биде и асфалтирана, со што проектот ќе биде заокружен во целост“ – истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

To top