Вести загинатите претходно имале судар

САД: Камион на заледен автопат усмрти пет лица кои оделе пеш

Пет лица загинаа кога камион ги покоси среде заледен автопат во североисточна Пенсилванија, додека се движеле пеш откако ги оставиле своите возила поради судир, соопшти денеска американската полиција.

САД: Камион на заледен автопат усмрти пет лица кои оделе пеш

Загинатите се лица кои се превезувале со комбе кое поради снегот се лизнало и удрило во оградата на патот, и од автомобилот кој удрил во него. Тие ги оставиле хаварисаните возила и тргнале пеш да се симнат од патот, но биле покосени од камион.

Во североисточна Пенсилванија е многу студено, а метеоролошката служба предупредува на замрзнати и лизгави патишта.

Најнови вести од Вести

To top