Регион Српскиот претседател не верува дека ќе има напредок

Вучиќ: Се додека Курти е на власт нема напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина

За Белград е важно да го зачува мирот и животите на Србите на Косово.

Вучиќ: Се додека Курти е на власт нема напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој учествува на Парискиот мировен форум, изјави дека една од темите на вечерашните разговори и на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон ќе биде и дијалогот меѓу Белград и Приштина, но не верува да ќе има некаков напредок се додека Албин Курти е на чело на Косово, јави дописникот на МИА од Белград.

-И тука нема голема филозофија, мислам дека сега им е јасно на сите, на Запад, дека Курти воопшто не сака да формира Заедница на српски општини (ЗСО), дека не сака никаков напредок во дијалогот, и дека се друго се балкански трикови кои можат да функционираат еднаш или двапати, но секако не долгорочно, рече Вучиќ одговарајќи на новинарско прашање дали во Париз ќе се разговара за дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Тој додаде дека за Белград е важно да го зачува мирот и животите на Србите на Косово.

-Не верувам дека ќе има сериозен напредок, особено не додека не се формира ЗСО додека Курта е на власт во Приштина. Да ги поставиме работите сосема јасно и чисто како што се, рече српскиот претседател.

На прашањето дали може да има средба со Курти, тој рече дека не планира таква средба и дека нема ни да знае што да разговара со него.

Вучиќ кажа дека е изненаден и од средбата на дел од претставниците на БиХ со косовскиот премиер Курти.

-Тој избра со кои претставници на Босна и Херцеговина ќе се сретне. Чудно е што тие тоа го прифатија. Затоа се прашувам какви се тоа двојни стандарди, лицемерни пристапи. За решавање на проблемите на просторот на поранешна Југославија, каде што некаде признавате територијален интегритет и барате да се почитува територијалниот интегритет, а од друга страна, оној од кого што бараш да го почитува територијалниот интегритет, интегритетот на неговата земја не го признавате. Но, можеби е добро да знаеме каде сме, да знаеме со кого си имаме работа, рече Вучиќ.

To top