Регион Пораст

Годишната инфлација во Грција минатиот месец зголемена на 3,4 отсто

Во октомври се зголемиле цените и во споредба со еден месец претходно, зголемување што е најизразено кај маслиновото масло, кое е поскапо за 14,1 проценти.

Годишната инфлација во Грција минатиот месец зголемена на 3,4 отсто

На 3,4 отсто се зголемила годишната инфлација во Грција во октомври, наспроти 1,6 проценти еден месец претходно, а со исклучок на природниот гас, за една година има зголемувања на цените на сите категории производи и услуги, согласно официјалните податоците од грчката служба за статистика, јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно, за една година, од октомври 2022 до октомври 2023 година цената на природниот гас се намалила за 60,5 отсто, додека пак за разлика од претходно, сега има зголемување на цените на нафтата за греење за 0,7 проценти и на електричната енергија за 1,9 отсто.

Прехранбените продукти, од друга страна, за една година се зголемиле за 9,9 проценти.

Најголемо зголемување има кај цените на маслата и мастите (за 26 отсто), овошјето е за 20,5 проценти поскапо во споредба со лани, зеленчукот за 12,3 отсто, месото за 8,3 проценти, млечните производи и јајцата за 7 отсто, лебот и житните производи за 3,7 проценти итн.

Во октомври се зголемиле цените и во споредба со еден месец претходно, зголемување што е најизразено кај маслиновото масло, кое е поскапо за 14,1 проценти.

Инфлацијата во Грција во јануари годинава беше 7 проценти, во февруари 6,1 отсто, во март 4,6 проценти, во април 3 отсто, во мај 2,8 отсто, во јуни дополнително се намали на 1,8 проценти, во јули се зголеми на 2,5 отсто, август 2,7 проценти, во септември беше најниска со 1,6 отсто, за сега одново да се зголеми.

To top