Македонија Трипуновски

Земјоделците од Радовиш повторно ќе останат без вода за наводнување заради лошото менаџирање со браната Мантово

-Браната Мантово, со својот капацитет од 49,5 милиони м3 вода, треба да обезбеди најмалку 6 милиони м3 за наводнување на земјоделските површини, но во овој момент сме далеку од таа количина и земјоделците имаат на располагање околу 2.6 милиони м3 вода што сериозно го загрозува производството и егзистенцијата на земјоделците од овој регион.

Земјоделците од Радовиш повторно ќе останат без вода за наводнување заради лошото менаџирање со браната Мантово

Се соочуваме со сериозна криза во управувањето со водните ресурси, исклучително важни за земјоделското производство. Катастрофалното менаџирање на браната Мантово од страна на АД Водостопанство ја доведува до знак прашалник новата производна сезона за земјоделците од Радовишкото Поле, истакна дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

-Браната Мантово, со својот капацитет од 49,5 милиони м3 вода, треба да обезбеди најмалку 6 милиони м3 за наводнување на земјоделските површини, но во овој момент сме далеку од таа количина и земјоделците имаат на располагање околу 2.6 милиони м3 вода што сериозно го загрозува производството и егзистенцијата на земјоделците од овој регион.

Затворачот на браната Мантово со години беше оставен без потребниот и редовен сервис и заради неажурноста на АД Водостопанство не се санираше виталниот дел на браната, и дополнително неконтролираното испуштање на вода денес донесе браната Мантово да биде скоро на својот биолошки минимум.

Време е за одговорност и заштита на нашите водни ресурси и одржливост на земјоделското производство. Не смееме да дозволиме заради неажурноста на власта и претпријатието да трпат македонските земјоделците, додава Трипуновски.

Најнови вести од Македонија

To top