Македонија одлука на прилепскиот совет

Во прилепските градинки 25 деца од социјален ризик ослободени од партиципација

Со одлука на прилепскиот совет, во градинките во Прилеп за 25 деца Роми во социјален ризик е обезбеден престој без партиципација. Ова е проект на Министерството за труд и социјална политика, и од градинките „Наша иднина“ во Прилеп велат дека има одлична рефлексија врз секојдневнието во заедницата.

Во прилепските градинки 25 деца од социјален ризик ослободени од партиципација

-Проектот „Инклузија на деца Роми во детските градинки“, во земјава функционира од 2006 година. Вклучени се деца од ромската популација. Во почетокот на овој пилот-проект беа опфатени само 10, а денеска проектот се спроведува во 21 општина. Прилеп од самиот почеток е во проектот. Бројот на децата вклучени во проектот започна од 12, за денес да бидат опфатени 25 деца од ромската популација кои се интегрирани во групите во нашата институција. Проектот има одлична рефлексија врз секојдневието во нашата заедница за децата Роми од социјален ризик да ги почувствуваат бенефитите од згрижувањето во градинките, рече Христина Трпческа, директорка на прилепските градинки „Наша иднина“.

Капацитетите на шесте прилепски градинки се полни. Запишани се 1320 деца, иако капацитетите се проектирани на 1020. Секојдневно се згрижуваат по 1000 дечиња во претшколска возраст. За градинката во прилепската населба Точила која доцни со пуштањето во употреба повеќе од една година, не може да се прецизира кога ќе биде во функција. Капацитетот на градинката е за 252 деца со што треба да се надмине проблемот со недостигот за згрижување на децата во градинките. Во меѓувреме веќе се предвидува зголемување на кадарот.

– Општина Прилеп е во фаза на добивање имотен лист за објектот. Нашата институција, на последната седница на општинскиот совет имаше точка на разгледување, а советниците ја усвоија, за правилниот за внатрешна организација и правилникот за систематизација на работните места. Во постојните капацитети ни недостасува кадар, но со отворањето на новиот објект, новата градинка, бројот на вработувањата значително ќе се зголеми.Имавме вработено 150 лица, систематизацијата предвидуваше 178 работни места, а новата систематизација предвидува 213 работни места, објаснува Христина Трпческа, директорка на прилепските градинки „Наша иднина“.

Најнови вести од Македонија

To top