Македонија над 60 км/ч

Викендов засилен ветер и слаб дожд

Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со умерен јужен ветер.

Викендов засилен ветер и слаб дожд

За време на викендов ќе има зголемена облачност со локален слаб дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, над 60 km/h, особено утре, најавуваат од УХМР.

Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со умерен јужен ветер.

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18 степени.

Времето во Скопје сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец, со температура до 17 степени.

Најнови вести од Македонија

To top