Македонија со песна го слави роденденот

ВИДЕО: Ахмети повторно распеан, Груби со честитката го издаде својот шеф за неколку прекршоци

ДКСК неколкупати го предупредуваше Груби за партиската злоупотреба на државни ресурси.

ВИДЕО: Ахмети повторно распеан, Груби со честитката го издаде својот шеф за неколку прекршоци

Вицепремиерот Артан Груби на својот профил на Фејсбук објави видео од својот партиски лидер Али Ахмети на кое тој пее албанска народна песна, во придружба на музичари со традиционални инструменти.

„Ретки се луѓето кои ја следат историјата и кои ја прават историјата градејќи ја иднината. Го поздравуваме последниот преродбеник, на чело на нацијата, секогаш на вистинскиот пат! Али Ахмети, со сè свето за албанството на плеќи, денеска полни 65 години“ – напиша Груби на својот профил на Фејсбук.

Иако Груби се потрудил со видео и текстуалната честитка сепак го издава својот шеф за неколку прекршоци.

На видеото снимено во работната канцеларија на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците каде шефува Груби се гледа како чади цигара, што е строго забрането и казниво.

ДКСК неколкупати го предупредуваше Груби за партиската злоупотреба на државни ресурси.

Најнови вести од Македонија

To top