Македонија Да се „крене рачна“

Академик Коцарев: Сегашнава Влада и сегашниот Претседател се единствени виновници за безизлезната состојба во која се најдоа Македонците за ЕУ!

Единствена итност е да се престане со спиралата на грешки. Ако сакате попластично – време е да се крене „рачна“, за најпрвин да се прекине сегашнава надолна спирала. Да престанат поделбите по сите линии во име на „светлата европската иднина“, да престане разградувањето на институциите. А потоа низ дијалог и внатрешно јакнење, да се постават, и што е најважно – да се спроведат, јасни приоритети, кои реално ќе им служат, пред сѐ, на граѓаните на оваа држава

Академик Коцарев: Сегашнава Влада и сегашниот Претседател се единствени виновници за безизлезната состојба во која се најдоа Македонците за ЕУ!

Да се „крене рачна“ и да се престане со спиралата на грешки во евроинтеграциите, побара академик Љупчо Коцарев во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа со новинарот Љупчо Цветановски. Вината за пат-позицијата во која се најде Македонија е конкретна и лоцирана директно во сегашната влада на СДСМ/ДУИ и во претседателот Стево Пендаровски, цени поранешниот претседател на МАНУ.
„Откако сегашнава Влада и сегашниот Претседател на Македонија, исклучиви виновници за безизлезната состојба во која се најдоа Македонците: во ЕУ само како Бугари и никако поинаку, ќе заминат од политичката сцена на Македонија еднаш и засекогаш, одговорот на прашањето, со зборовите на Ристевска Јорданова, е: „Сегашново брзање нема никакво оправдување. Потребна ни е стабилност, сигурност, разум. Има време и простор за сѐ, освен за нови грешки. Единствена итност е да се престане со спиралата на грешки. Ако сакате попластично – време е да се крене „рачна“, за најпрвин да се прекине сегашнава надолна спирала. Да престанат поделбите по сите линии во име на „светлата европската иднина“, да престане разградувањето на институциите. А потоа низ дијалог и внатрешно јакнење, да се постават, и што е најважно – да се спроведат, јасни приоритети, кои реално ќе им служат, пред сѐ, на граѓаните на оваа држава“.
Што, според моето мислење, значи „да се крене рачна“? Прво, раскинување на потпишаниот билатерален Договор со Бугарија. Второ, да почнеме и тоа да трае најмалку една година, едногласно, сите леви, десни, шарени, еднобојни, во центарот, на периферијата, да говориме за неправедните, понижувачките, нелогичните, бесмислените членови и ставови на договорот со Грција“ посочува академик Коцарев.
„Тоа треба да го направиме за да сите: и нашите поддржувачи и нашите опоненти да разберат за неправедниот, понижувачкиот, нелогичниот, и бесмислениот договорот со Грција. Трето, департизација на институциите, подобрување на внатрешната кохезија и градење на доверба кон Владата и кон ЕУ. Четврто, македонските претставници на билатералниот скрининг да се обврзат на транспарентност: да нема повторно изненадувачки „остварени факти“ и нови „преземени обврски“ за коишто јавноста се запознава откако обврските веќе се преземени. Граѓаните на Македонија од другите етникуми треба да разберат дека ние – Македонците, не можеме подолу од тоа каде што сме денес, во спротивно, тие, всушност, не се за соживот, туку го подржуваат разнебитувањето на Македонија, па оттука, слоганот „Македонија – едно општество и едно семејство за сите, сите се граѓани од прв ред“ се трансформира во „Македонија – едно општество без Македонци“, предупредува Коцарев во разговорот со Цветановски на Алфа.

Најнови вести од Македонија

To top