Македонија кога крадецот вика „фати го крадецот!“

Вест од рубриката ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: СДСМ зборува за аматеризам во надворешната политика?! (ГАЛЕРИЈА НА БЕЗРБЕТНОСТА)

Дали СДСМ мислат дека граѓаните имаат меморија на златна рипка која во просек трае 3 секунди?

Вест од рубриката ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: СДСМ зборува за аматеризам во надворешната политика?! (ГАЛЕРИЈА НА БЕЗРБЕТНОСТА)

Откако направија серија невидени, крајно сервилни и безрбетни пропусти на полето на надворешната политика додека беа на власт минатите седум години, правејќи од државата протекторат и безгласна буква, субмисивно закопувајќи ги позициите на Македонија и закочувајќи ги евроинтеграциите со договорите кои беспоговорно ги потпишаа, денеска СДСМ реагира и зборува за некаков дилетантизам во надворешната политика?!

Во соопштението од Бихаќка, во кое десетина пати се користи придавката на С која без Референдум ја прифатија и насила наметнаа, партијата која покрај сите противења ги потпиша Договорот за добрососедство со Бугарија (само еден месец по доаѓањето на власт во 2017-та), Преспанскиот договор следната година и со ќеф и акламација го прифати небулозниот Француски предлог кој значеше тотално урнисување на македонските позиции во ЕУ, сега реагира на наводно нетранспарентно носење одлуки на ова поле.

Во денешната реакција на опозициската партија посветена на Резолуцијата за Украина иронично се соопштува :

„Неприфатливо е одлуки кои се од стратешко значење за иднината на земјата да се носат избрзано и своеволно. Одлуките за меѓународната позиција на државата мора да се носат транспарентно, со координација на сите релевантни институции и во согласност со нашите стратешки партнери.

СДСМ инсистира на јасна, конзистентна и усогласена надворешна политика која ќе ги почитува и зајакнува нашите меѓународни партнерства, а истовремено ќе ја води државата кон нејзината примарна стратешка цел – членство во Европската унија.“ се вели во соопштението кое е врв на хипокризијата на една македонска партија.

Дали СДСМ мислат дека граѓаните имаат меморија на златна рипка која во просек трае 3 секунди?

Ова е истата партија која 90-те го смени исконското знаме со симболот на Кутлеш, ја изведе најступидната транзиција, која ја прифати Времената спогодба и не направи ФИРОМ 14 години, која го смени Уставот, преамбулата и името на државата во 2019-та без да го почитува гласот на народот и на разумот, се откажа од македонското малцинство во соседството, ја продаде придавката „македонски“, која ја наметна небулозната територијална организација во 2004-та,  која прифати промена на историјата со Францускиот предлог и беспоговорен влез на Бугарите во македонскиот Устав, партија која прифати неаргументирана двојазичнот без да ја слуша Венецијанската комисија, чии министри за надворешни личеа на министри на Косово и Бугарија, но не и на Македонија, а премиерите не срамеа по светот со дузина глупости (Таче премиер на Западна Бугарија, Заевите црни бисери по светот, Стево Љубави, Бујар и Пендиков, итн. и др. итд.), чиј претседател зборуваше дека Гоце Делчев е Бугарин, а кога говореа во ООН (Таче, Стево, Заев) зборуваа за се’ само не и за Македонија и Македонците.

Партија која мислеше дека ако постојано и каде стигне го вергла она на С ќе има бескрајно трајно алиби за да крадат како да не виделе, како и дека тоа ќе им помине без последици?

И оваа партија зборува за конзистентност во надворешна политика?

Реално, добро е што ја нема таа конзистентност за која ламентираат, не дај Боже новата влада да ја продолжеше оваа социјалдемократска КОНЗИСТЕНТНОСТ на БЕЗРБЕТНИШТВО, АНТИМАКЕДОНИЗАМ, КОЛЕНИЧАРСТВО, СУБМИСИВНОСТ и КРАЈНА СЕРВИЛНОСТ.

Велат, во светските енциклопедии, дејствувањето на „македонската“ Влада од 2017-та до мај 2024-та се користи како синоним за сервилност, субмисивност, коленичарење и безрбетништво во политиката.

 

 

Најнови вести од Македонија

To top