Македонија

Стојаноска: Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ нудат квалитетни решенија за сите граѓани и ќе ја направат Македонија повторно горда

Стојаноска: Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ нудат квалитетни решенија за сите граѓани и ќе ја направат Македонија повторно горда

Пратеничката и носител на листа во шестата изборна единица Дафина Стојаноска денешниот ден го поминува во општина Брвеница од каде упати честитка за големиот празник Рамазан Бајрам до сограѓаните кои што припаѓаат на исламската вероисповед.

-Покрај мене се наоѓа градоначалникот на општина Брвеница, Јовица Илиевски кој што е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ она што го ветува и го реализира, а има реализација на ветените проекти во неговата општина од преку 80 проценти.

Го споменувам Јовица во контекст на нашата кандидатка за претседател професорката Гордана Силјановска Давкова тоа се избори на ВМРО-ДПМНЕ кои што нудат решенија нудат квалитетни луѓе и нудат луѓе кои што ќе направат се за граѓаните на Република Македонија без правење на разлика на нивната припадност и затоа гледаме дека промените во општина Брвеница веќе се настапени и се надевам дека жителите на општина Брвеница го знаат изборот за 24 април, а потоа и за 8 мај, истакна Силјановска Давкова.

Македонија ќе ја направиме горда заедно со ВМРО-ДПМНЕ и со Гордана Силјановска Давкова.

Најнови вести од Македонија

To top