Македонија претседателски избори 2024

Средба на Мисајловски со жителте на скопско Трубарево: Поддршката за професорката Гордана Силјановска Давкова е голема (ФОТО)

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ2, Владо Мисајловски во рамките на посетата на општина Гази Баба оствари средба со жителите на скопско Трубарево.

Средба на Мисајловски со жителте на скопско Трубарево: Поддршката за професорката Гордана Силјановска Давкова е голема (ФОТО)

-После средбата во Хиподром се упативме во Трубарево во Општина Гази Баба, каде заедно со пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски, градоначалникот Бобан Стефковски остваривме средба во победничка атмосфера заедно со жителите на овој дел од Гази Баба.

Разговаравме на повеќе теми од секојдневието, за нивните проблеми и размислувања за изборите. Овде поддршката е голема, луѓето се силно расположени за победа на ВМРО-ДПМНЕ и професорката Гордана Силјановска Давкова.

Заедно продолжуваме мотивирани и обединети како никогаш досега!

Македонија повторно твоја!

Промените во твои раце!, пишува на својата Фејсбук страница Мисајловски.

Најнови вести од Македонија

To top