Македонија временска прогноза

Претпладне сончево, попладне променливо облачно

Претпладне сончево, попладне променливо облачно

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени Целзиусови.

И во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 18 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во текот на наредните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во четврток попладне и во петок ќе има повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови. Во текот на целиот период ќе дува умерен, а во четврток засилен југоисточен ветер.

Најнови вести од Македонија

To top