Македонија избори 2024

ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Настапуваме со одличен кандидат за претседател, врвен професионалец со интегритет

– ВМРО-ДПМНЕ на овие избори настапува со реална програма која ќе понуди конкретни решенија и многу проекти кои ќе ги презентираме дополнително во текот на кампањата, рече претседателот на ОК Прилеп, Дејан Проданоски.

ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Настапуваме со одличен кандидат за претседател, врвен професионалец со интегритет

Аирлија нека е почетокот на официјалната изборна кампања за претстојните претседателски избори во кои ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните ќе биде победник. Упатувам апел до сите политички субјекти за коректна, достоинствена и фер кампања со која ќе создадеме услови, нашите сограѓани слободно да го остварат своето право на глас, изјави Дејан Проданоски, претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп на денешната прес конференција.

– Нека периодот кој што следи, биде период на натпревар на проекти што ќе придонесат кон подобрување на животниот стандард на сите граѓани. Победничкиот тим на ВМРО- ДПМНЕ на овие избори ќе настапи со одличен кандидат за претседател, врвен професионалец со интегритет, докажан во политиката, професорката Гордана Силјановска Давкова, која ќе биде идниот претседател на Република Македонија, рече Проданоски.

– ВМРО-ДПМНЕ на овие избори настапува со реална програма која ќе понуди конкретни решенија и многу проекти кои ќе ги презентираме дополнително во текот на кампањата. Сите вие заслужувате власт која ќе придонесе да имаме квалитетно здравство и образование, задоволни земјоделци со навремено исплатени субвенции, економска стабилност, власт која ќе донесе нови инвестиции со нови работни места, власт која ќе се грижи и за најмладите и за пензионерите, власт која Македонија ќе ја врати на вистинскиот пат да биде просперитетна и економски развиена, потенцира во изјатата претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

– Токму затоа ја бараме вашата поддршка, затоа што само со ваша помош и поддршка Македонија да може да биде достојно место за живеење. Промените се во ваши раце. После победата нè чека многу работа. Ве уверувам, Македонија ќе продолжи да чекори по патот на успехот. Македонија повторно да биде горда. Затоа, Ве повикувам на 24 април да го заокружиме број 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија!, нагласи Дејан Проданоски.

To top