Македонија Експрес

Очајнички барања на СДСМ кои можат да ја променат ситуацијата, но не можат да ги спасат Ковачевски, Ахмети и власта

Изворите на Експрес сепак не ја исклучуваат можноста на крајот во координација меѓу Тирана и Приштина сепак Курти да изврши влијание врз Касами, Гаши и Меџити да не кандидираат свој кандидат за претседател.

Очајнички барања на СДСМ кои можат да ја променат ситуацијата, но не можат да ги спасат Ковачевски, Ахмети и власта

Што била вистинската тема на средбата на вицепремиерот Бојан Маричиќ и генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ на средбата со третиот ешалон на Самоопределување на Кутри во Приштина? Ова прашање стана интересно откако претходно премиерот Ковачевски ја осуди идејата за претставници на Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти да учествуваат на изборите во Македонија по што ги испрати својот заменик во владата и генсекот на СДСМ во Приштина, пишува ЕКСПРЕС.МК.

-Упатени извори во македонската албанска опозиција денеска брифираат дека СДСМ од Албин Курти барале Европското движење на Билал Касами, Африм Гаши и Изет Меџити да не кандидира свој кандидат за претседател на Македонија на претседателските избори. Според официјалното соопштение на СДСМ, двете делегации разговарале за партиска соработка но упатените извори тврдат дека Маричиќ и Зечевиќ од Самоопределување барале косовскиот премиер да изврши притисок врз Касами, Меџити и Гаши да се откажат од идејата за кандидат за претседател и да гласаат за заедничкиот кандидат на СДСМ и ДУИ , потенцијално актуелниот претседател Стево Пендаровски, пишува порталот.

Што ветиле за возврат од СДСМ е прашање за кое денеска се молчи од Приштина.

Колку се смета за сериозен партнер СДСМ во Приштина покажува кој бил во тимот што ги пречекал Маричиќ и Зечевиќ во седиштето на Самоопределување велат упатените извори во албанската опозиција кои посочуваат дека кај домаќините не бил ниту еден влијателен член на владата на Косово нити некој вицепремиер на рангот на Маричиќ.

Изворите на Експрес сепак не ја исклучуваат можноста на крајот во координација меѓу Тирана и Приштина сепак Курти да изврши влијание врз Касами, Гаши и Меџити да не кандидираат свој кандидат за претседател.

Според анализите на СДСМ единствена шанса за чесен пораз иако и таа е минимална, е на претседателските избори за кандидатот на СДСМ и ДУИ покрај овие партии е да гласаат сите партии на Албанците.

Целата анализа прочитајте ја на ЕКСПРЕС.МК.

Најнови вести од Македонија

To top