Македонија УХМР

Најстудено во Берово, најтопло во Дојран

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб ветер од северен правец Максималната температура ќе достигне до 26 степени. 

Најстудено во Берово, најтопло во Дојран

Најстудено утрово е во Берово со нула степени, три степени се измерени во Маврови Анови, четири во Скопје-Петровец, Охрид, Крива Паланка, Демир Капија, Битола, Претор, Попова Шапка, пет во Тетово, Струмица и Штип, шест во Прилеп, Велес, Куманово, седум во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Крушево и Гевгелија и 10 во Дојран.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во текот на ноќта времето беше претежно ведро. На повисоките места дуваше слаб ветер од променлив правец. Изутринава е сончево со појава на мала до умерена облачност во источните делови.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб ветер од северен правец Максималната температура ќе достигне до 26 степени.

Најнови вести од Македонија

To top