Македонија Шуто Оризари

Мисајловски кај коалиционите партнери на Ифтар вечера со министри, пратеници и градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

„Да живееме во единство и слога за напредок и иднина на Македонија“.

Мисајловски кај коалиционите партнери на Ифтар вечера со министри, пратеници и градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

Вечерва, по повод Светиот месец Рамазан, потпретесдателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 2, Владо Мисајловски, заедно со министрите Панче Тошковски и Ѓоко Велковски, пратениците Бојан Стојаноски и Жаклина Пешевска, градоначалниците Дарко Костовски и Бобан Стефковски и коалициони партнери, присуствувааа на Ифтар вечера во организација на Општинскиот комитет Шуто Оризари.

„На присутните наши пријатели и сограѓани од муслиманска вероисповед им посакавме многу здравје, среќа и спокој.

Да живееме во единство и слога за напредок и иднина на Македонија.

За многу години празникот“ – напиша Мисајловски на Фејсбук.

Најнови вести од Македонија

To top