Македонија Тема на денот во дневникот на Сител

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати уставни измени под бугарски диктат – Ковачевски, Маричиќ и Османи во Брисел ќе треба да објаснат зошто презеле обврска која не може да ја исполнат

Милошоски потенцираше во самата ЕУ имате земји за кои проширувањето не приоритет и стратешка цел за ЕУ, а од друга страна Маричиќ, Османи и Ковачевски лажат дека сега е моментумот ако не се направи овој чекор дека ќе се пропушти возот, приказна која ја слушаме 30 години.

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати уставни измени под бугарски диктат – Ковачевски, Маричиќ и Османи во Брисел ќе треба да објаснат зошто презеле обврска која не може да ја исполнат

Техничката влада нема политички мандат и ограничена на спроведување на изборниот процес и не може да застапува проекти за кои не е овластена и не станува збор за уставни измени. ВМРО-ДПМНЕ е јасно дека уставни измени под бугарски диктат нема да прифатиме. Ковачевски, Маричиќ и Османи во Брисел ќе треба да објаснат зошто презеле обврска која не може да ја исполнат, изјави Антонијо Милошоски член на ИК и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ за Тема на денот во дневникот на Сител.

Милошоски истакна дека не може вие како претседател на влада да преземете обврска дека Собранието двотретински ќе ве поддржи, а без притоа да го консултирате или да не го консултирате народот на референдум или избори.

– Одговорноста за неуспехот на Македонија да не отпочне преговори е на ДУИ и СДС и нивната сервилност. Надевајќи се дека се што ќе прифатат кон Софија ќе им даде недели или месеци подолго владеење. Настрана од овој дел, корупцијата во Македонија е на толку високо ниво, ние гледаме дури и странски дипломати го кажуваат тоа како ендемска појава, широко рапсространета девијација. Земји членки не гледаат како земја заглавена во корупција, изјави Милошоски.

Милошоски потенцираше во самата ЕУ имате земји за кои проширувањето не приоритет и стратешка цел за ЕУ, а од друга страна Маричиќ, Османи и Ковачевски лажат дека сега е моментумот ако не се направи овој чекор дека ќе се пропушти возот, приказна која ја слушаме 30 години.

Најнови вести од Македонија

To top