Македонија

Милошоски: Филипче ќе треба да одговори дали заедно со Заев бил на платен список на омилената и повластена веледрогијата и во МЗ и кај Малмед, д-р Пановски

Милошоски: Филипче ќе треба да одговори дали заедно со Заев бил на платен список на омилената и повластена веледрогијата и во МЗ и кај Малмед, д-р Пановски

На денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ во Виница на дебатата насловена „Случај „ДИВО МЕСО“ – Мора да има одговорност за канцер-мафијата“ свое обраќање имаше пратеникот Антонијо Милошоски кој што истакна дека поранешниот министер Венко Филипче имал своја омилена веледрогерија која што била повластена и во министерството за здравство и кај Малмед, и во Фондот за здравствено осигурување а доколку собрал храброст да се појави втор пат на комисија ќе му било поставено прашањето дали тој и Заев биле на платен список на веледрогеријата Д-р. Пановски.

„Во анкетната комисија еден од првите кои што дадоа искази беше поранешниот министер за здравство Венко Филипче кој што во својот исказ кажа тој не бил информиран за исклучениот КАТО систем, дека тој не бил информиран за одредени набавки на реверс од клиниката за онкологија и дека тој не бил информиран и за други пропусти кои што довеле до овој скандал. Но, по продолжувањето на работата на комисијата ние видовме дека сами чинители од Фондот за здравство, поранешни директори на клиниката за Онкологија, па и поранешни директори на Малмед, дадоа искази дека министерот не само што бил информиран туку министерот бил тој што му давал насоки на директорот на Онкологија како да постапи особено во делот на набавка на лекови. Затоа нашиот заклучок кој што може и дополнително да се истражи од обвинителството е дека поранешниот министер Венко Филипче имал своја омилена веледрогерија која што била повластена и во министерството за здравство и кај Малмед, и во Фондот за здравствено осигурување. Сметам дека се работи за една силна фармаколошка империја создавана долго време и мислам дека тука во тој дел почнува и самата големина на скандалот и затоа се случуваат вакви скандали денес и ако не се смени системот може да продолжат да се случуваат и во иднина“, нагласи Милошоски.

„Во однос на Јовевски кој што дојде во собранието и одржа политички говор наместо да се држи до членот 8 од законот за јавно обвинителство и да ја информира јавноста, до каде се со истрагата по ова прашање од висок јавен интерес јас само би напоменал еден член а тоа е членот 295 од законот за здравствена заштита“, истакна Милошоски.

Милошоски кажа и дека доколку собрал храброст поранешниот министерот за здравство Венко Филипче по втор пат да се појави на комисијата ќе му било поставено прашањето дали тој и поранешниот премиер Заев биле на платен список на веледрогеријата Д-р. Пановски, информација која што ја добил член на комисијата на неформален разговор со поранешен директор еден од сослушаните.

„Според овој член министерот за здравство има обврска да врши надзор на работата на здравствените установи и затоа ако владата пред 2 или 3 години водеше кампања „Слушај го Венко“ сега би требало обвинителот да смогне храброст и да оди со кампања „Сослушај го Венко“ да го повика, но да почне истрага и да даде наредба, конкретна и конкретни личности кои биле надлежни и кои што треба да одговараат на овие прашања. Второ имаше пратеник, член на анкетната комисија на кого што еден од сослушаните поранешни директори во неформален разговор му даде информација и затоа сакавме да ја провериме со поранешниот министер за здравство, каде што беше посочено дека поранешниот премиер Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче биле на платен список на веледрогеријата Д-р. Пановски. Тоа ќе беше едно од прашањата доколку поранешниот министер собереше храброст да дојде и по втор пат да ни одговори на многу дилеми. Затоа сметам дека ЈО е клучната институција од која што зависи дали ќе се затвори овој случај дали сите актери ќе бидат повикани на одговорност или и овој случај ќе доживее неуспех како останатите во обид да се заштитат одредени големи актери во приватниот фармацевтски сектори ли во политичкиот сектор каде што имале свое влијание“ посочи Милошоски.

Милошоски кажа дека во иднина ВМРО-ДПМНЕ за да спречи малверзации ќе мора повторно да создаде услови за конкуренција при набавката на лекови и ќе мора надзорот кон клиниките и надзорот кој што треба да се врши кон приватните веледрогерии да биде по чест за да бидеме сигурни дека нема да има злоупотреби.

„Доколку ВМРО-ДПМНЕ во иднина сака да ги минимизира, да ги оневозможи ваквите малверзациите, ќе мораме повторно да создадеме услови за конкуренција при набавката на лекови и ќе мора надзорот кон клиниките и надзорот кој што треба да се врши кон приватните веледрогерии да биде по чест за да бидеме сигурни дека нема да биде злоупотребен“ посочи Милошоски.

To top