Македонија Превентивни активности

Ловџиите од гостиварско на средба со полицијата

Тие беа информирани и за законските санкции кои се однесуваат на незаконски лов, но и уште еднаш беа потсетени дека не можат да ловат со туѓо оружје или со оружје кое не е регистрирано, а кое претходно им припаѓало на нивни починати блиски

Ловџиите од гостиварско на средба со полицијата

Средба со претставници на три ловечки друштва од Гостивар, Чегране и Врапчиште, чиј иницијатор и носител беше Отсекот за превенција на Секторот за внатрешни работи Тетово се одржа вчера во Гостивар.

-На средбата присутните поблиску беа запознаени со одредбите на Законот за лов и Законот за оружје, при што посебно им беше нагласена потребата целосно и без исклучоци безусловно да се почитуваат. Тие, исто така, беа информирани и за законските санкции кои се однесуваат на незаконски лов, но и уште еднаш беа потсетени дека не можат да ловат со туѓо оружје или со оружје кое не е регистрирано, а кое претходно им припаѓало на нивни починати блиски. Ловџиите од овие три друштва, пак, на вчерашната средба искажаа нескриено задоволство од досегашната соработка со полицијата и целосно ги поддржаа викенд-контролите кои континуирано се практикуваат есенва и се заложија уште повеќе да се интензивираат. Ловџиите посебно го издвоија како присутен проблемот со поединци кои излегуваат низ ловиштата, а не се членови на друштвата, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Вакви средби минатиот месец беа организирани и со претставници на петте ловечки од поширокото тетовско подрачје, односно од Тетово, Брвеница, Теарце и Боговиње.

Целта на овие средби е ловџиите од Полошкиот регион да бидат навреме информирани за сите поединости кои се однесуваат на важечката законска регулатива и однапред да се превенираат можните проблеми на овој план.

Најнови вести од Македонија

To top