Македонија избори 2024

Јаневски: Политичка капитулација доживува Демократската Обнова на Македонија – ДОМ под лидерство на Маја Морачанин

Политичка капитулација доживува Демократската Обнова на Македонија – ДОМ под лидерство на Маја Морачанин кое се потврдува со шестото место на листата од коалицијата предводена од СДСМ. Изгубената политичка реалност,неспроведување на одлуки од Централниот и Извршниот одбор, поразително лошите кадровски политики, немањето на јасен став кон членовите и поддржувачите на партијата успеа по два пратеници во 2018 и 2021 година да ја сведе на едно шесто место избоксувано лично за себе во ИЕ1. Денешниот закажан Централен Одбор е доведен до политички и временски ќорсокак а од него ќе се бара да потврди капитулација на ДОМ!, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук Лјупчо Јаневски член на Извршен и Централен на партијата.

Јаневски: Политичка капитулација доживува Демократската Обнова на Македонија – ДОМ под лидерство на Маја Морачанин

Како поранешен Организациски секретар на партијата 2014-2018 и Генерален Секретар 2018-2022 година и активен член на Извршен и Централен на партијата сметам:

Се има свое време и секоја работа под небото има свое време;

Време кога садиш, и време кога го корнеш насаденото;

Време кога се урива,и време кога се гради;

Време кога се плаче,и време кога се смее;

Време кога се расфрлаат камења, и време кога се собираат камењата;

Време кога се чува,и време кога се растура;

Време кога се прегрнуваш, и време кога ги одбегнуваш прегратките;

Време е Морачанин после шест години какво такво лидерство на партијата ДОМ да ја прифатиш реалната состојба , преземеш одговорност и поднесеш неотповиклива оставка на местото преседател на Демократската Обнова на Македонија -ДОМ!

Македонија Мора Напред!,пишува Јаневски во својата објава.

Најнови вести од Македонија

To top