Македонија причините за несигурноста многубројни

Граѓаните не се чувствуваат сигурни, безбедноста во Македонија е на ниско ниво – велат експертите!

Граѓаните загрижени за нивната безбедност, криминалитетот во Македонија од година во се зголемува, а за тоа сведоци сме на постојаните немили настани кои што го полнат полицискиот билтен на МВР.

Граѓаните не се чувствуваат сигурни, безбедноста во Македонија е на ниско ниво – велат експертите!

Изминатиот период, граѓаните беа сведоци на убиства во самиот центар на Скопје, два пати пукање и обид за убиство во трговски центар во срцето на Скопје, на безброј физички пресметки, кражби и насилства.

Курир во текот на вчерашниот ден, на терен анкетираше случајни минувачи во главниот град, и речиси сите одговорија дека не се чуствуваат сигурни и безбедни, пред се поради последните случувања во самиот град.

-Не се чустувам безбедно и сигурно, ниту дома, најмалку на улица, затоа што на слобода шетаат секакви деликвенти и разбојници, а сето тоа благодарение на институциите, како што се правосудство и полицијата, кои не се на висина на задачата и дозволуваат овие лица слободно да се шетаат, ни изјави повозрасен жител на Скопје.

Експертите од областа на безбедноста се децидни. Безбедносната состојба во Македонија не е на задоволително ниво, што може да се забележи според повеќе параметри. Вината за ваквата состојба ја гледаат кај надлежните органи кои што и всушност треба да го спроведуваат законот, а со цел подигање на сигурноста на граѓаните.

Facebook/ Александар Нацев

-Безбедносната состојба во Македонија не е на задоволително ниво, што може да се забележи според повеќе параметри. Можеби еден од највалидните документи е Извештајот на Европската комисија за напредокот на РМ, во кој се дава преглед на сите безбедносни институции, при што се нотира дека постојат системски слабости во голем дел од нив, и покрај спроведените реформи во последните 5-6 години. Тоа значи дека или реформите биле направени само козметички, без искрена намера да се смени нешто, или дека законите се донесени, но не се спроведуваат, заради несакањето или неспособноста на власта, односно нејзините функциониери кои раководат со тие институции, вели во изјава за Курир универзитетскиот професор по одбрана и безбедност Александар Нацев.

Големиот број на скандали кои што ги тресат владините институции, престрелките по трговски центри, кафулиња и на отворено на прометни улици, од кои најголем дел се уште се нерасчистени се токму причината за несигурноста на граѓаните, а која треба да им ја гарантира МВР, вели Нацев.

-Последниве години сме сведоци на низа скандали кои се случија во најголем дел од институциите, скандали кои и се познати на јавноста, и за кои беа напишани бројни новинарски текстови (пасоши за криминалци, афера Онишченко, недостаток на полиграфско тестирање во АНБ и АР, неславниот крај на СЈО, тајни меморандуми на ОТА, пропаднати акции на МВР како „Планина“ и др). Но, она што најмногу ги загрижува граѓаните, сепак е нивната лична безбедност, која треба да ја гарантира пред се Министерството за внатрешни работи. Престрелките по трговски центри, по кафулиња, на отворено по прометни улици, најголем дел од кои до денес се нерасчистени, и тоа како влијаат на чувтсвото за безбедност кај нашите граѓани, кои со право, почнуваат да бараат одговорност од надлежните институции, пред се од лицата кои раководат со тие институции. А таа одговорност мора да ја има, вели Нацев.

Безбедноста во Македонија дека е на ниско ниво, смета и поранешниот технички министер за внатрешни работи Наќа Чулев, а за тоа сведочат и фактите, вели тој.

Facebook/Наќе Чулев

-Безбедноста во Репубика Македонија е на најниско можно ниво, а за тоа сведочат и фактите. Убиства на јавни места, разбојништва на бензискипумпи, обложувалници, менувачници, пресметки на криминални групи, и тн. Оливер Спасовски е дополнителен рекордер по број на меѓународни скандали. Македонија ја претвори во логистичка база за издавање на документи, пасоши, државјанства, финансиски сметки и се друго што е потребно за функционирање на криминалните структури. Статистиката за наводно намалување на криминалитетот е извадена од контекст и е фабрикувана, бидејќи не е исто да се открие убиство, разбојништво, семејно насилство или малолетничка деликвенција, вели Чулев.

Ниту едно потешко кривично дело не е откриено од страна на МВР во изминатиов период. Каква е безбедноста може да се види ако се запрашаат граѓаните, кога биле побезбдени денес или вчера, дали нивните деца се побезбедни денес или вчера. Дали нивните деца се сигурни, односно побезбедни кога излегуваат од нивните домови, појаснува Чулев.

Причините за несигурноста која ја чуствуваат граѓаните се многубројни и се должат на кадровската политика, вели Чулев.

-Причините за несигурноста која ја чуствуваат граѓаните се многубројни и се должат на кадровската политика во врвот на безбедносните структури. Кадровскиот геноцид кој што Оливер Спасовски и другите раководители во безбедносниот сектор го направија врз професионални и стручни кадри со долгогодишно стручно искуство во областа на безбедноста и професионалната дискриминација и мобинг што се врши врз сите професионалци кои се окарактеризирани како политичко идеолоско некомпактибилни. Сето ова доведе до демотивација и апатија меѓу вработените во МВР и вработените во безбедносниот сектор, а новопримените партиски кадри поради отсуство на капацитет неможат да ги испорачаат очекуваните резултати во безбедноста, дециден е Чулев.

Во Република Македонија, во текот на оваа година се случија неколку убиства, кои со право ја вознемирија македонската јавност, притоа ставајќи ја под знак прашалник сигурноста на граѓаните, бидејќи престрелки се случија на јавни места каде што имало фреквентно движење, при што можеле да настрадаат невини лица. МВР и безбедносните структури треба да работаат во интерес и заштита на граѓаните и постојано да бидат на висина на задачата.

Најнови вести од Македонија

To top