Македонија

ДЕНЕС ДОЖД И СНЕГ, ОД УТРЕ СТУД – еве што најавува УХМР во текот на следната недела

ДЕНЕС ДОЖД И СНЕГ, ОД УТРЕ СТУД – еве што најавува УХМР во текот на следната недела

Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m2).

Денеска во текот на денот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во повисоките места, особено во западните делови.

Температурите ќе се движат од 1 до 12 степени. Во Скопје максималната температурата ќе достигне 8 степени.

Од понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец што ќе предизвика значително заладување во текот на следната седмица.

Најнови вести од Македонија

To top