Култура сеќавање

Две години од заминувањето на истакнатиот театролог Ристо Стефановски

Две години од заминувањето на истакнатиот театролог Ристо Стефановски

Денеска се навршуваат две години од заминувањето на Ристо Стефановски, театролог, долгогодишен театарски работник, театарски историчар и долгогодишен директор на Драмскиот театар Скопје (1957-1983).

Од пролетта 1957 година раководел со Куклениот театар во Скопје кој подоцна се трансформирал во денешниот Драмски театар.

Под негово раководство, Драмски театар Скопје го остварува најголемиот подем потвреден од најпрестижните театарски фестивалски награди и сојузни признанија.

Од 1983 година Ристо Стефановски е генерален директор на Македонскиот народен театар во Скопје.

Тој ги добил: наградата „Св. Климент Охридски“ (1988); Стериина награда за животно дело на Фестивалот Стериино позорје, Нови Сад (1989); наградата на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ за животно дело (1989); орденот за труд со бронзен венец; орден за труд со сребрен венец; орден за труд со златен венец; наградата „13 Ноември“ (1983); наградата „11 Октомври“ (1988); одликување на Француската влада Palmes Academiques. Ристо Стефановски е роден 1928 година во Скопје.

To top