Хроника МВР

Во Нов Дојран во двор пронајдена граната од Првата светска војна

На 08.05.2024 бил извршен увид на местото, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека се работи за граната со калибар 75 мм, соопшти МВР.

Во Нов Дојран во двор пронајдена граната од Првата светска војна

Во Полициското одделение Нов Дојран, на 7 мај било пријавено дека во дворно место на ул. „Антон Панов“ во Нов Дојран била пронајдена експлозивна направа, која ден подоцна била безбедно подигната и отстранета од експерти за пиротехника на Дирекцијата за заштита и спасување.

-На 08.05.2024 бил извршен увид на местото, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека се работи за граната со калибар 75 мм, која потекнува од Првата светска војна и која била безбедно подигната, соопшти МВР.

To top