Хроника Уапсен скопјанец

ВИДЕО: Откриена лабораторија за производство на марихуана во Скопје

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ВИДЕО: Откриена лабораторија за производство на марихуана во Скопје

Денеска (15.11.2023) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода Д.К.(44) од Скопје.

-При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена лабораторија за производство на марихуана со околу 150 садници, ламби, вентилатори и друга опрема, како и неколку шприца со кафеава материја, марихуана и дигитална вага, информира МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top