Хроника следува кривична пријава

Украл автомобил од жена, радовишанец завршил зад решетки

На 16.12.2023 во 23.00 часот, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.Б.(21) од Радовиш.

Украл автомобил од жена, радовишанец завршил зад решетки

Тој се сомничи дека во периодот од 19.30 до 21.30 часот во Радовиш одзел патничко возило „форд фокус“ сопственост на Т.Д.(34) од Битола, со живеалиште во Радовиш.

Возилото било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било приведено во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top