Регион Атина

Ослободен грчкиот пратеник кој вчера физички нападна негов колега во Парламентот

Единствениот услов што истражниот судија и обвинителот му ги одредија на Флорос е забрана да му се приближува на Граменос на растојание помало од 50 метри.

Ослободен грчкиот пратеник кој вчера физички нападна негов колега во Парламентот

Независниот пратеник Константинос Флорос, кој вчера физички го нападна пратеникот од Грчко решение Василис Граменос во грчкиот Парламент, по што и беше уапсен, денеска беше ослободен и изјави дека неговото однесување било погрешно и „не е однесување соодветно за грчки пратеник“, јави дописничката на МИА од Атина.

Единствениот услов што истражниот судија и обвинителот му ги одредија на Флорос е забрана да му се приближува на Граменос на растојание помало од 50 метри.

Флорос, кој на изборите во јуни минатата година беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, а неодамна ја напушти и стана независен пратеник, за време на вчерашната пленарна седница во Парламентот започнал вербална расправија со пратеникот од Грчко решение, по што во ходникот и физички го нападнал со тупаници.

To top