Хроника следува соодветна пријава

Уапсен дилер од Тетово

На 27.02.2024 во 21.00 часот во Тетово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово и од Полициската станица Тетово го лишиле од слобода Х.И.(49) од Тетово.

Уапсен дилер од Тетово

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, дигитална вага и други предмети со остатоци од хероин.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top