Хроника во него удрил автомобил

Тешко повреден малолетник на магистралниот пат Струмица – Ново Село

Малолетник од село Дабиле бил удрен од автомобил на магистралниот пат Струмица – Ново Село, стои во денешниот полициски билтен на МВР.

Тешко повреден малолетник на магистралниот пат Струмица – Ново Село

На 23.11.2023 во СВР Струмица било пријавено дека во 16.20 часот на магистрален пат Струмица – Ново Село, во с.Дабиле, струмичко, патничко возило „опел астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Д. (35) од с.Моноспитово, струмичко, удрило во малолетен пешак од с.Дабиле.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Струмица.

Увид на местото на несреќата бил извршен од екипа од СВР Струмица.

Теми на денот

To top