Хроника Романовце

Со возило излетал од патот: Возачот избегал, затекнати 10 мигранти

На исклучокот за Крива Паланка, возилото излетало надвор од коловозот.

Со возило излетал од патот: Возачот избегал, затекнати 10 мигранти

Денеска (09.02.2024) околу 05 часот во близина на наплатна станица „Романовце“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата дале знак за запирање на патничко моторно возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, но возачот не застанал.

На исклучокот за Крива Паланка, возилото излетало надвор од коловозот.

Возачот се дал во бегство, а во возилото биле затекнати 10 лица-мигранти од Сирија кои биле без документи за идентификација.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

To top