Хроника мвр

Расчистени три кривично – правни настани во Скопје, приведени четири малолетници

Исто така, информираа дека тие се сомничат за настан сторен во Градски трговски центар физички ги нападнале Л.Т.(20) и 19 – годишната С.А., двајцата од Скопје.

Расчистени три кривично – правни настани  во Скопје, приведени четири малолетници

На 06.04.2024 во 22.15 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар при СВР Скопје лишиле од слобода четири малолетници од Скопје, при што кај еден од нив бил пронајден и одземен нож. Тие се сомничат дека извршиле повеќе кривични дела на подрачјето на Центар, стои во денешното соопштение на МВР.

Имено, од МВР потенцираа дека, лицата се сомничат за дело кое го сториле на 05.04.2024 околу 22.00 часот во Градски трговски центар физички нападнале малолетник од Скопје и агресивно се однесувале кон три малолетнички, исто така, од Скопје и дека истиот ден околу 22.40 часот на подрачјето на Центар физички нападнале друг малолетник од Скопје.

Исто така, информираа дека тие се сомничат за настан сторен на 06.04.2024 околу 20.00 часот во Градски трговски центар физички ги нападнале Л.Т.(20) и 19 – годишната С.А., двајцата од Скопје.

По целосно документирање на случаите, во координација со јавен обвинител за малолетници, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од МВР.

To top